Дописници МКДОпштински вести

Во Штип се реконструира улицата „Коле Неделковски“

Почнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Коле Неделковски“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски кој денеска изврши увид во градежните работи рече дека комплетната инвестиција чини 4,2 милиони денари.

Штип, 24 февруари 2020 (МИА) – Почнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Коле Неделковски“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски кој денеска изврши увид во градежните работи рече дека комплетната инвестиција чини 4,2 милиони денари.

Оваа улица која ја поврзува населбата Леваци со центарот и води кон Градскиот пазар се реконструира со комплетно вадење на коцката, замена на водоводната и канализациската линија. По овие зафати ќе следува поставување на асфалтен слој и реконструкција на пешачката површина односно тротоарите.

– Започнавме со реконструкција на улицата „Коле Неделковски“. Променета е водоводната и канализациска линија со што ја подобруваме и подземната инфраструктура, ќе се работи на асфалтирање и реконструкција на тротоарите. Се работи за површина од 1.700 метри квадратни улица и околу 700 метри квадрати тротоари, инвестициската вредност е околу 4,2 милиони денари од кои 3,7 милиони денари се за реконструкција на улицата, а 500.000 денари за промена на водоводната и канализациската линија, вели Бочварски.

Тој истакна дека градежните работи на оваа улица се очекува да завршат од 15 до 20 дена, а најави дека Општината во наредниот период ќе работи на проекти на неколку локации со цел реконструкција на старата и дотраена патна инфраструктура. вдј/мс/

Back to top button
Close
Close