Дописници МКДОпштински вести

Во Штип се поставува заштитна ограда по течението на реката Отиња

По течението на реката Отиња деновиве се поставува заштитни ограда на тротоарната површина на улицата „Кеј Маршал Тито“, од градската црква „Св. Илија“ до Градскиот трговски центар, или во должина околу 925 метри. Заштитната ограда ќе чини 1,7 милиони денари и е дополнителна заштита за пешаците кои го минуваат тој дел од централното градско подрачје.

Штип, 17 август 2020 (МИА) – По течението на реката Отиња деновиве се поставува заштитни ограда на тротоарната површина на улицата „Кеј Маршал Тито“, од градската црква „Св. Илија“ до Градскиот трговски центар, или во должина околу 925 метри. Заштитната ограда ќе чини 1,7 милиони денари и е дополнителна заштита за пешаците кои го минуваат тој дел од централното градско подрачје.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочвраски вели дека финансиските средства се одобрени од Владата по прифатен амандман од пратеник.

– Сакам да се заблагодарам на Владата за тоа што реално ги следи потребите на Општините и на граѓаните и парите ги насочува за вистинските потреби. Ние како локална самоуправа изработивме проект и распишавме тендер со што се започна со поставување на оваа ограда како дополнителна заштита за пешаците, вели Бочварски.

Инаку средствата се одобрени по прифатен амандман, а доставен од страна на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски од Штип до Министерството за транспорт и врски. Тротоарната површина по течението на реката Отиња е и пешачка патека за штипјани, но и изминатите години беше место од каде што неколку возила се превртија и паднаа во самото корито на реката. Оваа ограда ќе придонесе и за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. вдј/мс/

Back to top button
Close
Close