Дописници МКДОпштински вести

Во Штип прва работилница за администрацијата „Подигни ја својата свест, пријави корупција биди одговорен“

Синдикатот на Управата, правосудните органи и здруженијата, денеска од Штип почна со серија на работилници „Подигни ја својата свест, пријави корупција биди одговорен“, а проектот е поддржан од УСАИД.

Штип, 29 јануари 2020 (МИА) – Синдикатот на Управата, правосудните органи и здруженијата, денеска од Штип почна со серија на работилници „Подигни ја својата свест, пријави корупција биди одговорен“, а проектот е поддржан од УСАИД.

Претседателот на синдикатот на УПОЗ, Пеце Груевски рече дека на територија на државата ќе се организираат девет вакви работилници и тоа во Куманово, Велес, Струмица, Охрид, Гостивар, Битола, Скопје и завршната во мај е повторно во Скопје.

Тој очекува работилниците да имаат над 250 учесници, кои имаат за цел, како што рече, да се подигне свеста за проблемите поврзани со корупцијата, кои се достапни институционални механизми и индивидуалната одговорност.

-Ангажирани се експерти, кои ќе ги пренесат своите искуства од оваа област и низ практични примери ќе се обидат да ги охрабрат и учесниците и јавноста, да ја пријавуваат корупцијата похрабро. Во однос на тоа изработен е прирачник од Антикорупциска и јас во оваа прилика само би кажал дека оние лица, кои ќе пријават корупција заслужуваат најголема почит и воспоставување на форма на нивна заштита, вели Груевски.

На работилницата во Штип учествуваат околу 40 вработени во администрацијата и членови на УПОЗ од источниот плански регион од вкупно 15 основни синдикални организации. Груевски рече дека како синдикат сметаат дека се потребни повеќе вакви работилници.

Прашан дали имаат анализи колку вработените во администрацијата пријавуваат корупција, Груевски со одговор дека немаат таква анализиа, бидејќи немаат големи човечки ресурси, кои би работеле на ваквите анализи во синдикатот. вдј/ир

Таг
Back to top button
Close
Close