Дописници МКДОпштински вести

Во Штип две текстилни работнички од иста конфекција заразени со коронавирус

Во Штип во рок од два дена регистрирани се три нови случаи на заразени коронавирус, од кои две се текстилни работнички во една штипска конфекција и еден лекар од приватна здравствена ординација поврзан со кластерот на медицинската сестра, на којашто сопругот и е таксист, а деновиве се покажа како позитивен случај.

Штип, 25 мај 2020 (МИА) – Во Штип во рок од два дена регистрирани се три нови случаи на заразени коронавирус, од кои две се текстилни работнички во една штипска конфекција и еден лекар од приватна здравствена ординација поврзан со кластерот на медицинската сестра, на којашто сопругот и е таксист, а деновиве се покажа како позитивен случај.

Надлежните од Центарот за јавно здравје – Штип во моментов ги правата епидемилошките анкети и бараат дали се поврзани овие случаи или станува збор за нов кластер на заразени во конфекцијата. Тие денеска до новинарите доставија и писмено соопштение во кое се вели дека поради актуелната пандемија на Коронавирус (COVID-19) и поради грижата за јавното здравје на населението, а со акцент на општините кои спаѓаат под наша надлежност, Центарот за јавно здравје – Штип, уште еднаш апелира до граѓаните да се придржуваат кон мерките кои во изминатиов период постојано се пласираат во јавноста во сите медиуми.

– Штип е град на текстилната индустрија, па затоа најмногу сакаме да апелираме до текстилните конфекции и сите други субјекти кои имаат поголем број на вработени и кај кои производствениот процес налага на задолжително присуство на повеќе лица во една просторија. Истите, задолжително треба да се грижат за хигиената на превозните средства со кои се превезуваат работниците – задолжителна дезинфекција на истите, дистанцата на лицата кои се превезуваат со овие средства од и до своето работно место да биде од 1,5 до 2 метри, истите задолжително да носат лична заштитна опрема – маски, а по можност и ракавици, се вели во соопштение од Центарот за јавно здравје-Штип.

Во соопштението се наведува и дека во просторијата во која работат поголем број на лица задолжително да го има потребното растојание помеѓу истите, носење на лична заштитна опрема и на работното место, често проветрување на просториите, често миење и дезинфекција на рацете, задолжителна дезинфекција на работните површини и предмети кои се користат при работа, да се избегнегрупирањето на повеќе лица и за време на паузите за одмор. Доколку е можно, да се редуцира бројот на надворешни лица кои влегуваат во овие објекти.

– Иако пандемијата е под контрола, сепак не можеме а да не апелираме дека понатамошниот тек на пандемијата зависи најмногу од однесувањето и дисциплинираноста на секој еден граѓанин. Затоа, Ве замолуваме задолжително да се придржувате кон овие мерки, се вели во соопштението на Центарот за јавно здравје.

Епидемиолозите земале брисеви од 11 лица, од кои седум се од текстилната конфекција во која се вработени текстилните работнички. Инаку станува збор за конфекција во која се вработени околу сто работници. вдј/оџ/

Back to top button
Close
Close