Дописници МКДОпштински вести

Во Штип активни четворица пациенти со коронавирус

Двата нови случаи на заразени со коронавирус се поврзани со вчерашниот регистриран пациент од Штип.

Штип, 19 мај 2020 (МИА) – Двата нови случаи на заразени со коронавирус се поврзани со вчерашниот регистриран пациент од Штип. Станува збор за семејството на штипскиот таксист, кој е хоспитализиран на Инфективното одделение, а кој подолг период не одел на работа, односно немал контакт со патници.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека попладнево двата члена од семејството ќе бидат прегледани на Инфективното одделение и лекарите ќе одлучат дали ќе останат или ќе можат да се лекуваат во домашни услови. Додека пак пациентот, кој се заразил со коронавирус при посета на Тетово денеска го добил првиот негативен тест, а во рок од 48 часа ќе му се прави и втор тест. Во моментов во Штип активни случаи се четири лица.

-Во моментов имаме двајца пациенти од Штип, кои се хоспитализирани на Инфективното одделение и по еден од Берово и Пехчево. Пациентите се добри и се следи нивната состојба, вели Ѓеорѓијев.

Епидемиолозите од Центарот за јавно здравје прават и епидемиолошка анкета меѓу вработените во една штипската приватна здравствена ординација, каде што работела сопругата на таксистот. Сметаат дека опасност од зараза за пациентите нема, бидејќи медицинскиот персонал работел со комплетна заштитна опрема, но тројца од колегите на медицинската сестра ќе одат во изолација и ќе се следи нивната состојба, бидејќи при соблекувањето на заштитната опрема, можно е да имале контакт. Инаку на пунктот за земање на брисеви за тестирање на Ковид 19 дневно имаат во просек по еден или двајца пациенти.

Скринингот на градинките во Штип, Пробиштип, Карбинци и Радовиш почнува од 1 јуни.  Во штипската градинка „Астибо“ ќе се тестираат вкупно 132 вработени, а во „Вера Циривири-Трена“ 91 лице. Додека во градинките во Радовиш има 78, потоа во Пробиштип 58, во Општина Конче има 10 и во Карбинци деветмина вработени во детската градинка. вдј/ир

Таг
Back to top button
Close
Close