ЕвропаЕвропа.Портал

Во Шпанија за 24 часа над 30 мртви и 780 новозаразени

Во последните 24 часа во Шпанија со новиот коронавирус се заразиле 782 лице, а 31 починаа. Досега во таа земја се потврдени 3059 заразени, а вкупно од последиците на Ковид-19 починаа 86 луѓе. 

Мадрид, 12 март 2020 (МИА) – Во последните 24 часа во Шпанија со новиот коронавирус се заразиле 782 лице, а 31 починаа. Досега во таа земја се потврдени 3059 заразени, а вкупно од последиците на Ковид-19 починаа 86 луѓе.

Половина од заболените се во главниот град, Мадрид. Од вчера се затворени градинките, училиштата и факултетите во Мадрид и околината, а музеите, базените, театрите, библиотеките и другите културни и спортски центри се затворени од денеска.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, почнувајќи од денеска, сите свои состаноци ќе ги одржува преку видео конференциска врска, откако на министерската Ирена Монтеро и беше потврдено присуството на коронавирус, се наведува во соопштението на Владата. ссм/

 

Back to top button
Close
Close