ЕвропаЕвропа.Портал

Во Шпанија во април речиси нема продажба на нови автомобили

Во Шпанија во април речиси немаше продажба на нови автомобили, бидејќи мерките против коронавирусот, кои беа едни од најстрогите во светот,  ја блокираа шпанската економија, соопшти денеска Асоцијацијата на производители на автомобили „Анфак“.

Мадрид, 4 мај 2020 (МИА)Во Шпанија во април речиси немаше продажба на нови автомобили, бидејќи мерките против коронавирусот, кои беа едни од најстрогите во светот,  ја блокираа шпанската економија, соопшти денеска Асоцијацијата на производители на автомобили „Анфак“.

Регистрациите за нови автомобили се намалени за речиси 97 проценти на годишно ниво,најниско за последните 20 години.

Нови 4.163 автомобили се регистрирани пред строгите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Шпанија, која беше меѓу најтешко погодените земји од пандемијата, постепено започна да ги олабавува своите мерки. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close