ЕвропаЕвропа.Портал

Во Шпанија уапсен еден од најбараните терористи во Европа

Во јужниот дел на Шпанија е уапсен еден осомничен борец на Исламска држава роден во Египет, кој полициските иследници го опишаа како „опасен екстремист“, и уште двајца други против кои се води истрага поради можна поврзаност со верски екстремистички групи.

Алмерија, 21 април 2020 (МИА) – Во јужниот дел на Шпанија е уапсен еден осомничен борец на Исламска држава роден во Египет, кој полициските иследници го опишаа како „опасен екстремист“, и уште двајца други против кои се води истрага поради можна поврзаност со верски екстремистички групи.

Како што е наведено, уапсениот борец на Исламска држава ја напуштил Европа за да се бори во Сирија и Ирак и е „еден од најбараните терористи во Европа, затоа што тој припаѓа на Исламската држава и поради големата опасност што ја претставувал“.

Идентитетот на уапсените не е соопштен. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close