ЕвропаЕвропа.Портал

Во Шпанија маските задолжителни до пронаоѓање лек или вакцина

Носењето маски во јавност ќе остане задолжително во Шпанија и по завршувањето на вонредната состојба на 21 јуни, односно, ќе остане во сила додека не се најде лек или вакцина против коронавирусот, изјави денеска  министерот за здравство на таа земја, Салвадор Илја.

Мадрид, 9 јуни 2020 (МИА) – Носењето маски во јавност ќе остане задолжително во Шпанија и по завршувањето на вонредната состојба на 21 јуни, односно, ќе остане во сила додека не се најде лек или вакцина против коронавирусот, изјави денеска  министерот за здравство на таа земја, Салвадор Илја.

– Шпанците мора да продолжат да носат маски во затворено и на отворено ако не можат да гарантираат метар и пол оддалеченост од другите луѓе, рече Илја на прес-конференција.

Обврската за носење маски ќе остане во сила сè додека, како што рече, „конечно го победиме вирусот, што ќе се случи кога ќе имаме ефикасна терапија или ефикасна вакцина“. ссм/

Back to top button
Close
Close