Дописници МКДОпштински вести

Во шест општини од Југоистокот заврши првото прскање против комарци

Синоќа во шест општини од Југоисточниот плански регион е извршено првото прскање против комарци по земјен пат, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Струмица, 25 јуни 2020 (МИА) – Синоќа во шест општини од Југоисточниот плански регион е извршено првото прскање против комарци по земјен пат, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

-Прскањето против комарци е завршено во Конче, Радовиш, Ново Село, Василево, Босилово и Струмица, а вечер од 19:00 до 02:00 часот ќе се прска во Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, додаваат од Центарот.

Во наредниот период планирани се две третирања за ларвициди и три третирања против адултни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 хектари.

Во регионот требаше да се прска против комарци на 10 и 11 јуни, но поради лошите временски услови беше одложено.рт/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close