0_Спорт.ПорталКошарка

Во серијата Клиперс – Далас, трет пат во историјата на НБА гостите победија на првите пет средби

Кошаркарите на Далас маверикс ноќеска ги победија Клиперс во Лос Анџелес со 105:100 и поведоа со 3:2 во првото коло од плејофот.

Лос Анџелес, 3 јуни 2021 (МИА) – Кошаркарите на Далас маверикс ноќеска ги победија Клиперс во Лос Анџелес со 105:100 и поведоа со 3:2 во првото коло од плејофот.

Серијата ЛА клиперс – Далас маверикс е трета во историјата на НБА-плејофот кога првите пет победи ги освоија гостинските екипи.

Далас прво двапати победи во Калифорнија, откако ја пресели серијата во Тексас, каде Клиперси беа поуспешни двапати.

Последниот ваков случај во најсилната кошаркарска лига на светот беше во 1995 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close