Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Во септември јавна расправа за Нацрт-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитен предел

Расправата е закажана за 2 септември на зум платформата, но ќе се репродуцира во живо во Општините Берово и Пехчево. Локалното население ќе може да ја следи и да учествува преку видео бим кој ќе биде поставен во дворот на градинката „23 Август” во Берово и во дворот на Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево. За време на расправата на овие локации максимално ќе бидат почитувани КОВИД-мерките.

Пехчево, 25 август 2021 (МИА) – Општина Пехчево во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, организира јавна расправа по Нацрт-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитен предел.

Расправата е закажана за 2 септември на зум платформата, но ќе се репродуцира во живо во Општините Берово и Пехчево. Локалното население ќе може да ја следи и да учествува преку видео бим кој ќе биде поставен во дворот на градинката „23 Август” во Берово и во дворот на Едукативниот центар за зачувување на природата во Негрево. За време на расправата на овие локации максимално ќе бидат почитувани КОВИД-мерките.

Учеството на јавната расправа треба да биде потврдено најдоцна до вторник, 31 август, на телефонскиот број 076-233-020.

Нацрт-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитен предел е објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk), како и на веб страницата на Министерство за животна средина и просторно планирање. Коментари, мислења и сугестии може да се достават писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање, најдоцна 10 дена по одржување на јавната расправа.

Нацрт-одлуката е објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk), како и на веб страницата на Министерство за животна средина и просторно планирање. Коментари, мислења и сугестии може да се достават писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање, најдоцна 10 дена по одржување на јавната расправа. вс/мч/

Back to top button
Close
Close