Дописници МКДОпштински вести

Во село Ињево се асфалтирани три улици

Во село Ињево, општина Радовиш, деновиве се асфалтирани три улици во вкупна должина од 1.600 метри со ширина од пет метри и тротоари со бехатон, информира градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Струмица, 23 септември 2020 (МИА) – Во село Ињево, општина Радовиш, деновиве се асфалтирани три улици во вкупна должина од 1.600 метри со ширина од пет метри и тротоари со бехатон, информира градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Додава дека селото добива нов изглед со вложување во уличната инфраструктра.

-Средствата се обезбедени од општинскиот буџет и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Со изградбата на овие три улици селото Ињево станува едно од најурбанизираните населени места и се надевам дека и понатаму ќе продолжиме со тоа темпо и во другите села, рече градоначалникот Конзулов.

Според него за одбележување е одличната соработка со локалното население, кое отстапило простор од своите имоти за непречена изградба на улиците. рт/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close