Дописници МКДОпштински вести

Во село Црничани изградена нова улица

Со дел од средствата, во висина од 585.000 евра, што Општина Дојран ги доби од Министерството за транспорт и врски за поврзување локални патишта, во селото Црничани е изградена една од трите централни локални улици со должина до еден километар.

Гевгелија, 5 март 2020 (МИА) – Со дел од средствата, во висина од 585.000 евра, што Општина Дојран ги доби од Министерството за транспорт и врски за поврзување локални патишта, во селото Црничани е изградена една од трите централни локални улици со должина до еден километар.

Како што изјави денеска градоначалникот Анго Ангов, за останатите две улици кои треба да се изградат во селата Фурка и Николич, веќе се одобрени проектите. Реконструкцијата ќе се реализира во најкраток можен рок.

-Покрај ова, со одобрените средства, општина Дојран ќе подготви техничка документација за проекти кои ќе се реализираат и во останатите населени места по што населението ќе може да се пофали со завидна локална патна мрежа, најави Ангов. им/мч/

Back to top button
Close
Close