БалканБалкан.Портал

Во седум области во Романија издаден црвен аларм за поплави

Поради зголемено ниво на водостојот на реките, во седум области во Романија е издаден црвен аларм од поплави, а во 27 е издадено портокалово предупредување за водотеците, соопшти денеска романскиот Институт за хидрологија и водостопанство.

Букурешт, 23 јуни 2020 (МИА)Поради зголемено ниво на водостојот на реките, во седум области во Романија е издаден црвен аларм од поплави, а во 27 е издадено портокалово предупредување за водотеците, соопшти денеска романскиот Институт за хидрологија и водостопанство.

Експертите предупредуваат дека до утре напладне постои можност за поплави, бидејќи е можно зголемување на нивото на реките и потоците, јави агенцијата Аѓерпрес.

Како што се наведува, тој извештај е испратен до надлежните институции. паг/

 

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close