Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во Саудиска Арабија уапсени тројца членови на кралското семејство

Во Саудиска Арабија уапсени се тројца членови на кралското семејство - помладиот брат на кралот Салман, принцот Ахмед бин Абдулазиз, внукот на кралот Мухамед бин Најеф и неговиот син, принцот Науаф бин Најеф

Ријад, 7 март 2020 (МИА) – Во Саудиска Арабија уапсени се тројца членови на кралското семејство – помладиот брат на кралот Салман, принцот Ахмед бин Абдулазиз, внукот на кралот Мухамед бин Најеф и неговиот син, принцот Науаф бин Најеф.

Тие се уапсени вчера под обвинение за наводен обид за државен удар.
Мухамед бин Најеф беше министер за внатрешни работи до 2017 година кога е уапсен и е ставен во куќен притвор, додека принцот Ахмед бин Абдулазиз, е еден од последните синови на основачот на државата, крал Абдулазиз.

Престолонаследникот Мухамед бин Салман, син на кралот Салман, во државниот удар во 2017 година го собори својот роднина Мухамед бин Најеф, а подоцна уапси неколку членови на кралското семејство во антикорупциската кампања.

Уапсениот принц Ахмед е познат по тоа што ги критикува саудиските власти додека е во странство и како еден од тројцата членови на Советот, кој беше против пренесувањето на власта на принцот Мухамед во 2017 година.

Тој и Мухамед бин Најеф се уапсени во своите домови и се обвинети за предавство. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close