Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во САД за неколку часа починале 15 луѓе од новиот коронавирус, немале никакви симптоми

Во американската држава Вашингтон се забележани досега невидени случаи - луѓе починале без да покажат симптоми на вирусната инфекција, а биле заразени со новиот коронавирус.

Вашингтон, 10 март 2020 (МИА) – Во американската држава Вашингтон се забележани досега невидени случаи – луѓе починале без да покажат симптоми на вирусната инфекција, а биле заразени со новиот коронавирус.

Како што пренесуваат американските медиуми, во болницата Центер Лајф Кер (Center Life Care) во Киркланд дури 15 пациенти починале од Ковид-19 за само неколку часа и без видливи симптоми на болеста.

Болницата е позната како епицентар на епидемијата во Вашингтон. Десетици вработени се заразени, додека 55 пациенти чекаат тестирање. Болницата нема доволно тестови, а бројот на заразени лица е во постојан пораст.

Во установата има воглавно постари пациенти кои се со поголем ризи од компликации кои можат да бидат последица од заразата. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close