Svet.SlajderСветСвет.Портал

Во САД повеќе инфицирани лица со новиот коронавирус отколку во Кина

Според официјалните податоци бројот на заразени со Ковид-19 во САД ја  надмина цифрата на случаи во Кина, Италија и Шпанија, земји кои до денеска беа најпогодени со пандемијата

Вашингтон, 27 март 2020 (МИА) – Според официјалните податоци бројот на заразени со Ковид-19 во САД ја  надмина цифрата на случаи во Кина, Италија и Шпанија, земји кои до денеска беа најпогодени со пандемијата.

Во САД за еден ден регистрирани се речи си 14.000 инфицирани, а вкупно нивниот број изнесува 85.594, од кои 1.300 починаа, а во критична состојба се повеќе од 2.000 пациенти.

Во Лос Анџелес забележани се над 400 нови случаи, а деветмина починаа. Во градот за сместување на оациентите и подготвен и Конгресниот центар, како еден од најголемите болнички приватни центри на 67.000 метри квадратни.

Во последните 24 часа бројот на новозаразени лица во светот се се искачи на 532.912, а почина 24.093. од почетокот на пандемијата досега оздравеа 124.380 лица. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close