Дописници СветСветСвет.Портал

Во САД без работа останале 36.5 милиони Американци, економистите предвидуваат намалена стапка на невработеност во наредниот период

Во САД минатата недела речиси 3 милиони Американци поднеле нови барања за исплата за невработеност, со што вкупната бројка на невработеност поради епидемијата на коронавирус во земјата се искачи до 36.5 милиони.

 

Вашингтон, 14 мај 2020 (МИА) Во САД минатата недела речиси 3 милиони Американци поднеле нови барања за исплата за невработеност, со што вкупната бројка на невработеност поради епидемијата на коронавирус во земјата се искачи до 36.5 милиони.

Како што јавуваат медиумите, ова е најголемата загуба во американската историја.

Според последните бројки на Министерството за труд, стапката на невработеност во САД во април изнесувала 14.7 проценти, или 20.5 милиони Американци останале без работа, негативен резултат незабележан уште од Втората светска војна.

Експертите предвидуваат во наредните недели бројката на невработени лица да започне да се намалува.

-Цифрите, секако, се алармантни, но со постепеното отварање на бизнисите во месеците што следуваат, се очекува намалување на невработеноста, изјави Питер Буквар, раководител во „Бликли адвајсори груп“, пренес Си-ен-би-си. 

Според познавачите, во наредните две недели се очекува многу поголем број на вработувања отколку на отпуштања, откако голем дел од сојузните држави започнаа да ги омекнуваат рестрикциите воведени поради пандемијата.

-Ова значи дека стапката на неврабтеност ќе започне да се намалува, изјави Пол Ашворт, главен економист во „Капитал економикс“. кб/

Back to top button
Close
Close