ЕвропаЕвропа.Портал

Во Русија се разгледува зголемување на старосната граница за купување алкохол

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска се побара зголемување на старосната граница од 18 на 21 година за набавка на алкохол бидејќи бројот на смртни случаи поради прекумерна конзумација на алкохолни пијалоци е зголемен уште од почетокот на пандемијата.

 Москва, 13 мај 2020 (МИА) – Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска се побара зголемување на старосната граница од 18 на 21 година за набавка на алкохол бидејќи бројот на смртни случаи поради прекумерна конзумација на алкохолни пијалоци е зголемен уште од почетокот на пандемијата.

– Ако пратениците се подготвени за спроведување (таа реформа), тогаш зошто да не!“, изјави министерот во парламентот, додавајќи дека „тоа веќе можеше да се стори“.

Министерот додаде дека се следи стапката на смртност и дека „за време на пандемијата, уделот на алкохол во стапката на смртност почна да се зголемува“.

Иако Русија има углед како земја во која се троши многу алкохол, во периодот од 2003 до 2016 година регистриран е пад за 40 проценти, според Светската здравствена организација. зш/

Back to top button
Close
Close