ЕвропаЕвропа.Портал

Во Русија повеќе од 10.000 новозаразени од Ковид-19 за 24 часа

Во Русија во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 10.000 новозаразени со вирусот Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 155.370, соопшти Кризниот центар за борба против коронавирусот.

Москва, 5 мај 2020 (МИА) – Во Русија во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 10.000 новозаразени со вирусот Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 155.370, соопшти Кризниот центар за борба против коронавирусот.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, во последното деноноќие починале 96 лица. Вкупниот број починати како последица на вирусот изнесува 1.451.

Излекувани се речиси 20.000 пациенти.

Според податоците на Кризниот штаб, дневниот раст на нови случаи достигнал седум проценти, при што речиси 50 отсто од ново дијагностицираните или 4.961 позитивни за Ковид-19 се асимптоматски случаи. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close