ЕвропаЕвропа.Портал

Во Русија поради Ковид-19 под надзор се 201.000 луѓе

Повеќе од 201.000 луѓе во Русија се под медицински надзор поради коронавирусот, соопштија денеска руските санитарни власти.

Москва, 31 март 2020 (МИА) – Повеќе од 201.000 луѓе во Русија се под медицински надзор поради коронавирусот, соопштија денеска руските санитарни власти.

Под надзор беа над 315.609 лица, пренесува ТАСС.

Во Русија, потврдени се вкупно 1.836 случаи на коронавирус, а повеќето случаи (1.226) се регистрирани во Москва. Од Ковид-19 досега во таа земја починаа девет лица.

Истовремено, бројот на пациенти во Москва кои се излекуваа од болеста се зголеми на 70. ссм/

 

Back to top button
Close
Close