Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Во Русија главен ден во гласањето на локалните избори

Избори се одржуваат во 83 региони на Русија со повеќе од 56.000 избирачки места. Граѓаните ќе гласаат за гувернер во 18 региони, а избори за градоначалник ќе се одржат во пет градови.

Москва, 13 септември 2020 (МИА) – Во Русија денеска е главниот ден на гласањето на регионалните и локалните избори, како и на изборите за пратеници во регионалните собранија, јави ТАСС.

Локалните и регионалните избори во Русија обично траат еден ден и се одржуваат во втората недела од септември. Оваа година, сепак, оваа практика беше напуштена поради пандемијата на коронавирус. Гласањето почна на 11 септември и трае три дена, а денешниот ден на гласањето е означен како главен.

Избори се одржуваат во 83 региони на Русија со повеќе од 56.000 избирачки места. Граѓаните ќе гласаат за гувернер во 18 региони, а избори за градоначалник ќе се одржат во пет градови.

На изборите учествуваат околу 171 000 кандидати од 36 политички партии, како и околу 40 000 независни кандидати

Преземени се строги мерки на претпазливост на избирачките места заради заштита од коронавирус. Просториите се дезинфицираат, носењето заштитни маски е задолжително, а пред влезот се мери температурата на граѓаните. ссм/

Back to top button
Close
Close