БалканБалкан.Портал

Во Романија црковни служби без верници, ќе се пренесуваат на Интернет

Литургиите и другите верски служби во Романија ќе продолжат да се изведуваат во црквите и манастирите, но без верници, соопшти денеска Романскиот црковен синод и додаде дека службите ќе се извршуваат преку Интернет.

Букурешт, 23 март 2020 (МИА)Литургиите и другите верски служби во Романија ќе продолжат да се изведуваат во црквите и манастирите, но без верници, соопшти денеска Романскиот црковен синод и додаде дека службите ќе се извршуваат преку Интернет.

Одлуката е донесена во согласност со воените уредби од 17 и 21 март, според кои, поради спречување на ширењето на коронавирусот, се воведува ограничување на движењето.

Сите верници на Романската православна црква во земјата и странство ќе можат да ги следат литургиите и другите служби преку телевизија и радио Тринитас кои припаѓаат на Романската патријаршија или преку станици кои ќе го преземат пренесот.

Сепак, црквите ќе бидат отворени за одредени сутуации, како за кршевки или венчавки, на кои ќе можат да присутвуваат максимум осум лица. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close