Kultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Во Ресен одбележан Светскиот ден на книгата

Со промоција на романот „Звукот на тишината“ од младата писателка Ева Ристевска и доделување на наградите од литературниот конкурс „Волшебниот свет на книгата“, ресенската билбиотека вечерва го одбележа Светскиот ден на книгата - 23 април.

Ресен, 17 мај 2021 (МИА) – Со промоција на романот „Звукот на тишината“ од младата писателка Ева Ристевска и доделување на наградите од литературниот конкурс „Волшебниот свет на книгата“, ресенската билбиотека вечерва го одбележа Светскиот ден на книгата – 23 април.

На настанот, на кој беа изложени и дела од уметниците Анастасија Радевска и Нина Велиновска, меѓу другите присуствуваа и градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски и директорот на домот на културата „Драги Тозија“ Васко Василевски.

– Ми претставува особена чест и огромно задоволство што денеска сум присутен на еден ваков настан, каде во тешки услови на пандемија, се слави уметноста и поезијата. Задоволството е уште поголемо затоа што станува збор за наши млади и надежни автори за кои допрва ќе слушнеме и ќе се гордееме, истакна Гошаревски пред присутните.

Романот „Звукот на тишината“, е приказна, која, според авторката, плени со својата комплексност, проткаена со драма и романса, обвиена во мистерија со вклучени вистински историски настани.

– Во моите последни четири години, посебно се посветив на пишување кратки текстови-мемоари без наслов или делови од мојот живот. Од нив се роди мојот нов роман, вели Ристевска.

Домот на културата, како што истакна директорот секогаш ги поддржува ваквите настани, на кои се промовираат млади таленти во областа на културата и уметноста.

Ученичката Анастасија Радевска, чии дела беа прикажани на изложбата, посочи дека и покрај училишните обврски слободното време го користи за сликање и читање книги.

Настанот се одржа согласно протколите за заштита на населението од ковид -19, држење соодветна дистанца на присутните и носење заштитни маски, а беше проследен и со музички нумери од локалниот бенд „Инстинкт”. сс/лв/

Back to top button
Close
Close