Политика

Во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“ пратениците постигнаа консензус за поголема транспарентност и отчетност на Собранието

Мнозинство пратеници во Собранието неодамна ги поддржаа предлозите за измена на Законот за Собрание со кои што ќе се подобри транспарентноста и отчетноста во работата на законодавниот дом на земјата. Амандманите, поднесени од партии од власта и од опозицијата, што вклучуваат одредби со кои ќе се зајакне институционалната буџетска независност и ќе овозможат поквалитетен собраниски ТВ-канал, беа изгласани од сите 73 пратеници присутни на минатонеделната седница. Овие подобрувања се клучни компоненти во 10-годишниот проект „Програма за парламентарна поддршка“.

Back to top button
Close
Close