0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во Радовиш се реализираат значајни инфрастурктурни и комунални зафати

Во општина Радовиш се реализираат петнаесетина поголеми и помали инфраструктурни и комунални зафати, информира градоначалникот Герасим Конзулов.

Струмица, 14 мај 2020 (МИА) – Во општина Радовиш се реализираат петнаесетина поголеми и помали инфраструктурни и комунални зафати, информира градоначалникот Герасим Конзулов.

-Се работи на училиштето во село Ињево, мостот во село Раклиш, коритото на река Сушица, резерворот и новиот цевковод се во завршна фаза, се работи на патот на планината Плaчковица и на повеќе улици во општината, рече градоначалникот Конзулов.

Додаде дека наскоро треба да почне обновата на другата коловозна лента на булеварот „Александар Македонски“ и изградба на улици во селата Јаргулица, Калугерица, Ораовица и Покрајчево, а селото Подареш ќе добие ново мултифункцинално игралиште. рт/бак/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close