Дописници МКДОпштински вести

Во Пробиштип изградба на неколку улици

Во  Пробиштип во тек се градежни активности на неколку улици. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов информира дека почнато е пробивање и асфалтирање на нова улица, над основното училиште „Никола Карев" во Пробиштип.

Штип, 21 јули 2021 (МИА) – Во  Пробиштип во тек се градежни активности на неколку улици. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов информира дека почнато е пробивање и асфалтирање на нова улица, над основното училиште „Никола Карев” во Пробиштип.

-Со изградба на оваа улица ќе се поврзат две слепи улици, со улиците „Кочо Рацин” и „Тодор Александров“. Со ова се овозможува полесно движење и побезбеден сообраќај за жителите од оваа урбана единка, изјави Анастасов.

Општината по пат на јавна набавка ја избра фирмата Коле -Транс Инженеринг од Штип кој има рок од три месеци за изградба, а за таа намена општината  издвои 1.440.000 денари. вдј/вј/

Back to top button
Close
Close