Дописници МКДМКДОпштински вести

Во Прилеп со тематска конференција се чествуваше 149-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

По повод 149-годишнината од раѓањето на големиот македонски деец и револуционер Гоце Делчев, прилепското граѓанско здуржение „Нѐ има“ одржа „он-лајн“ конференција со Македонците од соседните и од прекуокеанските земји на тема „Заветот на Гоце Делчев“ и донесе декларација.

Прилеп, 4 февруари 2021 (МИА) – По повод 149-годишнината од раѓањето на големиот македонски деец и револуционер Гоце Делчев, прилепското граѓанско здуржение „Нѐ има“ одржа „он-лајн“ конференција со Македонците од соседните и од прекуокеанските земји на тема „Заветот на Гоце Делчев“ и донесе декларација.

Илија Богатиноски, в.д претседател на Здружението нагласува дека според сите европски декларации и норми, секој народ, така и македонскиот има неприкосновено право да одлучи кои личности ќе ги слави, а се дел од историските и национални вредности на тој народ. Една од тие личносит е Гоце Делчев.

-Со оглед на сите сегашни брзи случувања, ова е еден датум и ова е личност за што ние треба добро да размислиме како го славиме, како го цениме  и самите да си расчистиме дека тоа е личност која ги даде темелите на македонската држава. Според сите европски декларации, според сите норми, самиот народ одлучува кои личности оставиле длабок белег во неговата историја и самиот народ одлучува кои личности ќе ги слави. Тие историски личности не смеат и не може да бидат дел на никакви договори, на никави политички пазарења. Гоце Делчев е таа нишка која нѐ собира, сите нас, Македонците по род, каде и да сме низ светот. Во тој контекст, никој не може да му го ограничува, да му го негира и да му го одземе тоа право на македонскиот народ. Стоиме зад она што се европски вредности, она што е најсуштествено човеково право и никој нема право да бара од нас да се откажеме од националните идентитети, изјави Богатиноски.

Во декларацијата се нагласува дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку преку присутноста на делови од македонскиот народ на цел Балкан се дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи нации. Дел од македонскито народ и денска е физички, духовно и интелектуално присутен во историските и општествени текови во околните држави, твори и работи како лојален граѓанин на тие држави, независно од разликите во читањето на историјата, стои во декларацијата во која има и предлог за меѓусоседски договор со Бугарија.

-Предлагаме склучување договор за траен мир и добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: заемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи, рече Богатиноски.

Граѓанското здружение „Нѐ има“  20 години со конференции, средби меѓу македонците и донесување декларации го чествува Гоце Делчев. ем/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close