Дописници МКДОпштински вести

Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на Ромите и поделени 330 хуманитарни пакети

Со традиционалното кревање на знамето на ромската заедница пред прилепската локална самоуправа и со доделување 330 пакети со храна и дезинфекциски средства денеска во Прилеп беше одбележан 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.

Прилеп, 8 април 2020 (МИА) – Со традиционалното кревање на знамето на ромската заедница пред прилепската локална самоуправа и со доделување 330 пакети со храна и дезинфекциски средства денеска во Прилеп беше одбележан 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.

Упатувајќи порака, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски рече дека покажуваме дека сите сме еднакви и токму во тој правец е и хуманитарна акција за жителите, главно од прилепската населба Тризла 2 каде најголемиот број жители се Роми.

– Ова го правиме за да покажеме дека сите сме еднакви, и во добро и во зло. Во таа насока е и денешната хуманитарна акција. Имено, на 330 семејства во населбата Тризла 2 каде живее најголемиот дел од ромското население им се доделуваат пакети со прехранбени продукти и дезинфекциски средства за уште еднаш да покажеме дека сме сите заедно и сме еднакви, рече Јованоски.

Јованоски упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките за заштита од коронавирусот. ем/ир

Таг
Back to top button
Close
Close