Дописници МКДОпштински вести

Во Прилеп еден новозаболен од Ковид-19 и едно лице почина на 84 години

Во Прилеп денеска е регистриран еден новозаболен од коронавирусот, а едно лице почина, на 84-годишна возраст.

Прилеп, 3 јуни 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска е регистриран еден новозаболен од коронавирусот, а едно лице почина, на 84-годишна возраст.

Според прилепскиот Центар за јавно здравје двајца пациенти оздравеле од заразната болест. Моментално се 28 активни случаи.

На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани пет лица позитивни на коронавирусот.

Во самоизолација се наоѓаат 50 лица, а поради неносење заштитни маски, на 15 граѓани им се изречени прекршочни казни. ем/мс/

Back to top button
Close
Close