0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во Прилеп денеска нема регистрирано заболени

Во Прилеп денеска нема регистрирано новозаболени од коронавирусот, а од заразната болест оздравело едно лице.

Прилеп, 18 мај 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска нема регистрирано новозаболени од коронавирусот, а од заразната болест оздравело едно лице.

На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 19 лица. Од нив, 16 се позитивни на коронавирус, а во делот за изолација се наоѓаат тројца пациенти, сите негативни на Ковид-19. Во самоизолација се 158 лица.

Во деновите од викендот се забележани 3 нарушувања на полицискиот час. ем/сст/

Back to top button
Close
Close