МКДОпштински вестиСкопје

Во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот Богдановиќ подели топли оброци и храна

Во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Саша Богдановиќ заедно со колеги од Општина Центар и волонтери од невладината организација „Банка за храна“, спроведоа уште една хуманитарна акција за граѓаните од муслиманската веросиповед кои живеат во Општина Центар. Со поддршка и донација од општествено одговорни компании, општината подели 150 топли оброци храна и 50 пакети прехранбени производи на социјално ранливите семејства во центарските населби Маџир Маало и Крњево.

Скопје, 11 мај 2021 (МИА) –  Во пресрет на големиот верски празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Саша Богдановиќ заедно со колеги од Општина Центар и волонтери од невладината организација „Банка за храна“, спроведоа уште една хуманитарна акција за граѓаните од муслиманската веросиповед кои живеат во Општина Центар. Со поддршка и донација од општествено одговорни компании, општината подели 150 топли оброци храна и 50 пакети прехранбени производи на социјално ранливите семејства во центарските населби Маџир Маало и Крњево.

-Би сакал на сите верници да им го честитам празникот Рамазан Бајран и заедно преку хумани и благородни дела да градиме мостови на толеранција, соживот и меѓусебна почит. Изразувам благодарност до сите компании и поединци кои се вклучија во оваа акција и што преку заедничка хумана мисија им овозможивме на нашите сограѓани да го прослават празникот со топол оброк во нивните домови, изјави градоначалникот Богдановиќ

Како што информираат од општината оваа хуманитарна донација е обезбедена од општината во соработка со општествено одговорни компании, поединци и голем број економски оператори.

-Општина Центар како локална самоуправа продолжува и во наредниот период со проектот „Нула глад“ кој има цел да обезбеди помош и поддршка за најранливите категории граѓани кои живеат на територијата на Центар, стои во соопштението.свс/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close