Дописници МКДОпштински вести

Во пресрет на Нова година делчевската библиотека ги награди најмалите читатели

Најмладите читатели од Делчево денес добија новогодишни подароци од Јавната локална библиотека ,,Илинден". Директорката на библиотеката Биљана Петровска истакна дека и покрај пандемијата со Ковид 19, библиотеката води грижа за своите читатели без разлика на возраста.

Делчево, 24 декември 2020 (МИА) – Најмладите читатели од Делчево денес добија новогодишни подароци од Јавната локална библиотека „Илинден“. Директорката на библиотеката Биљана Петровска истакна дека и покрај пандемијата со Ковид-19, библиотеката води грижа за своите читатели без разлика на возраста.

– И оваа година биравме читател на годината, читател на летото, ги наградивме нашите најредовни и највозрасни читателки, и еве сега на крајот на годината одлучиве да подариме книга на нашите најмали и најредовни читатели. Библиотеката ги награди тие мали, ама големи читатели. Тоа се дечиња кои само што научиле да читаат или се уште учат, ама редовно доаѓаат по нова книга, навреме ја враќаат, знаат што сакаат да читаат, знаат што имаат прочитано, и што не сакаат да им се сугерира што треба да изнајмат, рече Петровска.

Сето ова, како што додаде таа, е со цел да биде поттик или апел до сите родители да ги научат децата да ја сакаат книгата и да ги научат од мали да сакаат да читаа да посетуваат библиотека.

– Љубовта кон читањето и убавиот пишан збор се создава во најрана возраст. Затоа денес ке кажам едно огромно браво за Александар Георгиевски, Анастасија Јовановска, Евгенија Илиевска и Илија Спасевски. Се надеваме дека и понатаму ќе бидат наши редовни членови и ќе продолжат да читаат, додаде Петровска.

Настанот како што додадоа е последен во календарската 2020 година во која библиотеката реализираше 13 културни настани во услови на Ковид-19 пандемија. вс/свс/

Back to top button
Close
Close