0_Web_АктуелноДописници МКДОпштествоОпштински вести

Во Преспа одбележани 78 години од Преспанското советување, 118 од Илинденското востание и 77 од АСНОМ

По повод 118 години од Илинденското востание, 78 години од Преспанското советување и 77 години од АСНОМ, денеска во Преспа, пред споменикот на Илинденците во селото Крушје, пред спомен обележјето на Никола Кокарев во Царев Двор и пред споменикот на Преспанското советување во Отешево им беше оддадена почит на хероите кои ги дадоа животите во борбата за татковината.

Ресен, 1 август 2021 (МИА)  – По повод 118 години од Илинденското востание, 78 години од Преспанското советување и 77 години од АСНОМ, денеска во Преспа, пред споменикот на Илинденците во селото Крушје, пред спомен обележјето на Никола Кокарев во Царев Двор и пред споменикот на Преспанското советување во Отешево им беше оддадена почит на хероите кои ги дадоа животите во борбата за татковината.

Цвеќиња положија делегација од Општина Ресен предводена од градоначалникот Живко Гошаревски, членови на Советот, претставници на Сојузот на Борци на општина Ресен и пратеничката Бети Рабаџиевска – Наумовска,

Во обраќањето пред споменикот на Преспанското советување Гошаревски се осврна на неговото значење, како и за Илинденското востание и АСНОМ кои, како што нагласи, се темелот на нашата државност врз кој денес ја градиме Република Северна Македонија, како современа држава, рамноправна во меѓународните односи.

– Денес, во пресрет на големиот празник Илинден им се поклонуваме на хероите, им оддаваме почит на илјадниците смели мажи и жени, кои во Илинденското востание и во Антифашистичката борба ги положија своите животи на олтарот на татковината, рече Гочаревски.

На местото каде што сега е споменикот на Преспансото советување, посочи, дека Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија од 2 до 4 август 1943 ги донел клучните одлуки со кои се создале политичко-правни претпоставки за свикување на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија – АСНОМ.

– Донесени биле одлуките за прераснување на партизанските одреди во воени единици, за интензивирање на изградбата на народната власт, организациско зајакнување и проширување на организациите на КПМ и Сојузот на комунистичката младина, и за усвојување платформа на Народноослободителната војска на Македонија, потсети Гошаревски.

На советувањето, додаде, учествувале членовите на ЦК на КПМ Кузман Јосифоски – Питу, Цветко Узуновски – Абас, Страхил Гигов – Андро, инструкторот на ЦК на КПЈ во Македонија, Добривое Радосавлевиќ – Орце, а подоцна се приклучил и Светозар Вукмановиќ – Темпо, делегатот на ЦК на КПЈ и на Врховниот штаб на НОВ и Партизанските одреди на Југославија во Македонија.

– Затоа, да го чуваме аманетот на нашите херои за нивните храбри дела, да ја чуваме слободата и независноста за кои се бореа и кои денес ги имаме, да ги одржуваме, негуваме, почитуваме и развиваме за современа и модерна Република Северна Македонија, рече градоначалникот на Ресен Гошаревски. сс/ки/

Back to top button
Close
Close