0_Македонија.ПорталГраѓански секторСервисни информации

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Кавадарци кај мотел „Дреново“

На патниот правец Прилеп – Кавадарци кај мотел „Дреново“ од 18.30 часот сообраќајот е во прекин поради сообраќајка во која е превртено тешко моторно возило.

Скопје, 30 јануари 2019 (МИА) – На патниот правец Прилеп – Кавадарци кај мотел „Дреново“ од 18.30 часот сообраќајот е во прекин поради сообраќајка во која е превртено тешко моторно возило.

Како што соопшти ЈП „Македонијапат“, возилото удрило во надвозник  – железен мост – лента за транспорт на руда за „Фени“.

Сообраќајот се пренасочува од мотел „Дреново“ – Росоман – Кавадарци – Неготино и обратно.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и присутна е сообраќајна полиција. хс/мд/

Back to top button
Close
Close