БалканБалкан.Портал

Во Прага состанок на МНР на Вишеградската група и Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на Вишеградската четворка (В4) и Западен Балкан денеска во Прага ќе ја разгледаат интеграцијата на балканските земји, долгорочен приоритет на надворешната политика за Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, по предлогот за нова методологија за проширување на Европската унија.

Прага, 27 февруари 2020 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Вишеградската четворка (В4) и Западен Балкан денеска во Прага ќе ја разгледаат интеграцијата на балканските земји, долгорочен приоритет на надворешната политика за Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, по предлогот за нова методологија за проширување на Европската унија.

Главна тема на министерскиот состанок, како што најавија од чешкото Министерство за надворешни работи, е силната поддршка за интеграцијата во Западен Балкан во ЕУ и регионалната соработка, а ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу Меѓународниот вишеградски фонд и Фондот за Западен Балкан, основан во Прага во 2015 година.

Министерот за надворешни работи на Чешка, Томас Петшичек, по вчерашните разговори во Прага со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, вети дека Чешка ќе даде се од себе за да и овозможи на ЕУ да ги започне преговорите за пристапување со Република Северна Македонија и Албанија за еден месец.

– Еден од приоритетите на чешката надворешна политика е интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Убеден сум дека овој процес ќе донесе не само просперитет, туку и стабилност за целиот регион. За мене беше големо разочарување што земјите членки на ЕУ не постигнаа консензус за да започнат пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, рече Петшичек. јт/зш/

Таг
Back to top button
Close
Close