Некатегоризирано

Во потпелистерско Трново ќе се одржи Светска македонска иселеничка средба

Традиционалната семакедонска средба што ја организираат Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, ќе се одржи утре во потпелистерското село Трново.

Битола, 1 август 2021 (МИА)  – Традиционалната семакедонска средба што ја организираат Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, ќе се одржи утре во потпелистерското село Трново.

Според програмата, на средбата која почнува во 10:30 часот во дворот на  црковниот храм  „Успение на Пресвета Богородица“, во име на организаторите поздравни обраќања ќе имаат Тодор Петров, Александар Јаневски и Михаил Огненовски, како и претседателот на македонската партија во Албанија и пратеник во Собранието на Албанија, Васил Стерјовски, како и Ане Лашкоска пратеничка во Парламентот.

Во културно-уметничката програма ќе учествуваат КУД„Гоце Делчев“ од Битола и естрадни уметници. мт/вг/

Back to top button
Close
Close