0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Во последните три години преку Планот за економски раст поддржани 800 компании со 70 милиони евра

Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции потпишани се договори за финансиска поддршка со 245 субјекти. Поддршката исплатена во овие три години изнесува околу 20 милиони евра, а компаниите во своите бизнис планови за петгодишен циклус презентираа инвестиции од 411 милиони евра, од кои досега веќе инвестирале околу 150 милиони евра. Преку инструментите на ФИТР, обезбедена е поддршка за микро, малите и средни компании, во портфолиото се вклучени 550 компании, а нивните инвестиции се околу 75 милиони евра од кои околу 60 проценти или 42 милиони евра, се средства за поддршка од ФИТР.

Скопје, 6 мај 2021 (МИА) –  Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции потпишани се договори за финансиска поддршка со 245 субјекти. Поддршката исплатена во овие три години изнесува околу 20 милиони евра, а компаниите во своите бизнис планови за петгодишен циклус презентираа инвестиции од 411 милиони евра, од кои досега веќе инвестирале околу 150 милиони евра. Преку инструментите на ФИТР, обезбедена е поддршка за микро, малите и средни компании, во портфолиото се вклучени 550 компании, а нивните инвестиции се околу 75 милиони евра од кои околу 60 проценти или 42 милиони евра, се средства за поддршка од ФИТР.

Тоа го соопшти вицепремиерот за економски прашања Битиќи на економскиот форум „Дали субвенциите создаваат подобри претријатија? Или подобрите претпријатија добиваат повисоки субвенции?“, во организација на „Фајнанс Тинк“, со поддршка на Амбасадата на Кралство Норвешка и „Балканскиот труст за демoкратија“.

-Ефектот кој би сакале да го постигнеме е да ги зацврстиме домашните производствени компании, од една страна да бидат конкурентни на меѓународните пазари и да го зголемуваат извозот на производи со повисока додадена вредност, а од друга страна да стануваат се поатрактивни партнери на големите глобални компании и да се вклучуваат во синџирите за набавка. Само на тој начин би можеле да поттикнеме побрз, но и одржлив раст и развој на домашната економија, нагласи Битиќи.

Тој информираше и дека во подготовка се и измени и дополни на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со цел да се амортизираат ефектите од коронакризата и ова ќе претставува дополнителна помош за компаниите. Дополнително извести дека во план е воспоставување на единствен регистар за државна помош, а државната помош ќе биде опфатена и во Националната развојна стратегија 2021-2041 која ќе даде јасен видик за целно насочување на државната помош за истата да дава уште поголем импакт.

Професор Марјан Петрески од Универзитет Американ колеџ Скопје на презентацијата на  резултатите од оценките на ефектите од државната помош на мерките од Планот за економски раст рече дека доделената државна помош преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите во голема мера била неефективна. Односно, кај мерени 12 исходи постои позитивен резултат само кај вработеноста. Спротивно на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, помошта што се доделува преку Планот за економски раст, преку ФИТР е главно ефективна, наведе Петрески.

Спроведените истражувања покажале дека доделената државна помош придонела за одредено зголемување на бројот на работни места кај примателите на таа државна помош, додека кај сите останати индикатори, како што рече, не постојат резултати, значи тие не се негативни, меѓутоа отсуствуваат.

– Она што се зборува низ јавниот дискурс за како фирмите ја добиле таа државна помош функционираат добро и имаат позитивни резултати, главно се препишува на инвестицијата којашто тие ја направиле во годината пред да ја добијат доделената државна помош, додека ефектот од помошта е само овој кој што го спомнав, додаде Петрески.

Тој посочи дека спротивно на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, помошта којашто се доделува преку планот за економски раст, преку ФИТР е главно ефективна. Таму, како што рече, кај поголем дел од индикаторите имаме позитивни резултатити коишто се препишуваат на доделената државна помош.

– Тие индикатори се поголема продажба, поголема продуктивност на трудот, поголем профит, подобра ликвидност, поголем пазарен удел. Сите тие резултати јасно се препишуваат на доделените грантови преку програмата, истакна Петрески.

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, кој претходно беше директор на ФИТР, во осврт на податоците од анализата претставена од „Фајнанс Тинк“, истакна дека резултатите од изминатите три години се само вовед во големата приказна – Северна Македонија ќе се фокусира само на квалитетни проекти.

-Овие податоци покажуваат дека моделот кој го воведовме во ФИТР дава конкретни резултати и добива меѓународна и експертска валоризација. Филозофијата на работење и моделот на однесување како паметен приватен инвеститор и домаќински ги вложуваме парите од граѓаните ја пресликавме и во ТИРЗ каде веќе го спроведуваме новиот развоен концепт за поттикнување инвестиции. Нашиот пристап е дека парите кои ги вложуваме треба да имаат поврат, а додадената вредност на самиот проект е тоа што треба да не движи напред. Во иднина резултатите на постоечките партнери ќе се причината поради која ќе привлечеме нови за да растеме заедно – и компаниите кои ќе инвестираат и нашата економија. Вртиме нов лист на трансформација на македонската економија, посочи Деспотовски.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, пак, посочи дека поддршката која се нуди на компаниите ќе биде уште поинтензивна во периодот кој следи.

-Горд сум на успесите на тимот на ФИТР и се надевам дека сегашната форма на поддршка која ја нудиме на стартап компаниите ќе ја однесеме на многу повисоко ниво. ФИТР во изминатиот период интензивно работи на подостапна поддршка на стартапите, каде во соработка со големите корпорации и финансискиот сектор, ќе им излеземе во пресрет на потребите на компаниите во периодот на развој. Сметам дека ова е клучен период за компаниите, во период на кризата предизвикана од Ковид 19 и се надевам дека државата заедно со приватниот сектор заеднички ќе успееме успешно да одговориме на предизвиците, нагласи Петров.

Заклучно со 30 април годинава портфолиото на Фондот брои 281 одобрени предлог проекти по основ на инструментите за поддршка од Планот за економски раст, столб III, во вкупен износ од над 21 милион евра, како и 78 одобрени предлог проекти финансирани од комбинирани средства од Светска Банка и Буџет од Планот за економски раст-столб III, во вкупен износ од над 12 милиони евра.

За годинава ФИТР ќе спроведе јавни повици за финансиска поддршка преку различни инструменти во износ од 17.5 милиони евра. Од портфолиото на Фондот во тек е реализацијата на проекти од 550 компании во вкупна вредност од 77 милиони евра.см/лв/

 

Back to top button
Close
Close