
Рим, 13 март 2020 (МИА) – За само 24 часа како последица од коронавирусот во Италија починаа 250 луѓе, јави дописникот на МИА.
Во споредба со минатита денови ова е најголем број смртни случаи во едно деноноќие од појавата на заразата. Со последните 250, билансот на смртни случаи од коронавирус во Италија се зголеми на 1.266 лица.
Дополнително денеска се потврдени 2.166 нови случаи на заразени, со што вкупниот број сега изнесува 17.660 лица.
Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо денеска изрази благодарност до Кина за големата помош која ја испратила, но беше критичен кон некои европски лидери за кои смета дека не помогаат доволно во кризата. ав/гт/