ЕвропаЕвропа.Портал

Во поплавите во Бразил загинаа најмалку 50 лица

Дводневните обилни врнежи од дожд во југоисточен Бразил предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, при што загинаа најмалку 50 лица, соопштија властите во земјата.

Рио де Жанеиро, 27 јануари 2020 (МИА) – Дводневните обилни врнежи од дожд во југоисточен Бразил предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, при што загинаа најмалку 50 лица, соопштија властите во земјата.

Според официјалните претставници за цивилна заштита, 17 лица се пријавени за исчезнати, додека 2.600 луѓе биле евакуирани од нивните домови во бразилската држава Минас Жeраис.

 

Во 99 града во таа држава прогласена е вонредна состојба. Во Бело Хоризонте, главниот град на државата, за 24 часа наврна 170 литри на метар квадратен, што е рекордно количество во последните 110 години.

Гувернерот на таа држава Ромеу Зема најави дека ќе ги посети погодените области за да ја процени штетата. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close