БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Во подземна пештера во Грција пронајдени четири беживотни тела

Во подземна пештера со длабочина од околу 20 метри во близина на грчкиот град Лутраки на Пелопонез, утрово беа пронајдени четири мртви лица на возраст од 35 до 72 години, а во акцијата за извлекување на телата учествувал 21 пожарникар со пет возила, јави дописничката на МИА од Атина

Атина, 16 мај 2020 (МИА) – Во подземна пештера со длабочина од околу 20 метри во близина на грчкиот град Лутраки на Пелопонез, утрово беа пронајдени четири мртви лица на возраст од 35 до 72 години, а во акцијата за извлекување на телата учествувал 21 пожарникар со пет возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Причините за смртта, како и која била причината што четворицата мажи се нашле во пештерата, официјално не се познати, а надлежните работат на расчистување на случајот.

Според локалните медиуми, станува збор за германско засолниште од Втората светска војна, не ја исклучуваат можноста починатите  да барале скриени лири, а смртта да настанала од задушување, поради тоа што со нив имале генератор, како и алатки за копање.

Сепак, не постои официјална потврда на овие информации.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, објави дека безживотните тела биле пронајдени на длабочина од пет метри, а акцијата на полицијата и противпожарната служба започнала по пријавата од роднина на еден од загинатите. ср/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close