0_Македонија.ПорталДописници МКДПарламентарни избори 2020Политика

Во Пијанечко-малешевскиот регион пријавени 728 болни и изнемоштени лица за гласање

Во Пијанечко-малешевскиот регион во текот на утрешното гласање во рамки на предвремените парламентарни избори, своето право на глас ќе можат да го остварат вкупно 728 болни и изнемоштени лица. Од нив, најмногу болни и изнемоштени се регистрирани во Делчево, вкупно 335 лица, а најмалку во Македонска Каменица каде ќе гласаат 77 гласачи.

Делчево, 13 јули 2020 (МИА) – Во Пијанечко-малешевскиот регион во текот на утрешното гласање во рамки на предвремените парламентарни избори, своето право на глас ќе можат да го остварат вкупно 728 болни и изнемоштени лица. Од нив, најмногу болни и изнемоштени се регистрирани во Делчево, вкупно 335 лица, а најмалку во Македонска Каменица каде ќе гласаат 77 гласачи.
-Од 341 пријавени болни и изнемоштени лица, Комисијата позитивно се произнесе по однос на 335 пријави. Гласањето ќе се одвива согласно протоколите, а ќе започне од 7 часот, информираа од Општинската изборна комисија во Делчево.
Отаму информираат дека денес немало регистрирано гласачи со Ковид-19 во Делчево и Македонска Каменица.
Во Малешевијата утре ќе гласаат 316 болни и изнемоштени граѓани.
-Во Берово од 192 пријавени ќе гласаат исто толку гласачи, додека во Пехчево исто така нема одбиено пријавени болни и изнемоштени. Во оваа општина во текот на утрешното гласање своето право на глас ќе можат да го остварат 124 болни и изнемоштени граѓани, информираа од општинските изборни комисии.
Во овие две општини денес гласаат и три лица со Ковид-19, од кои 2 во Пехчево и 1 лице во општина Берово. вс/бак/

Back to top button
Close
Close