Дописници МКДОпштински вести

Во Пијанечко-малешевскиот регион 99 лица во самоизолација

Во задолжителна самоизолација поради КОВИД-19 во Пијанечко-малешевскиот регион се 99 лица. Во последното деноноќие во самоизолација се ставени 47 лица од Берово, додека 37 во Делчево.

Делчево, 1 април 2020 (МИА) – Во задолжителна самоизолација поради КОВИД-19 во Пијанечко-малешевскиот регион се 99 лица. Во последното деноноќие во самоизолација се ставени 47 лица од Берово, додека 37 во Делчево.

-Во последното деноноќие немаме нарушување околу почитувањето на оваа мерка во овие две општини. Ова се однесува и за општините Македонска Каменица и Пехчево. Таму бројот на самоизолирани поради КОВИД-19 изнесува 14 лица, односно, девет лица се во самоизолација во Македонска Каменица, додека петмина во Пехчево, информираа надлежните.

Од делчевскиот регион неколку лица кои пристигнаа од странство се наоѓаат во задолжителниот карантин што го обезбеди државата. Една од нив е и лицето Мира Симоновски, која по враќањето од Германија е сместена во хотел Молика во Битола и вели дека условите за престој се задоволителни.

-Просториите се чисти, се води сметка за хигиената, ги слушаме советите на претпоставените, остануваме во својата соба и генерално тоа. Добро се чувствувам и засега се е во најдобар ред, вели Симоновски.

Во Делчево во моментот се опремуваат и простории кои ќе бидат наменети за карантин за лицата со евентуална зараза од КОВИД-19. Просториите како што информираа од делчевскиот здравствен дом се опремени со неколку кревети, а истите се наоѓаат во просториите на поранешниот Центар за дијализа. вс/ев/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close