0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Во Пехчево започна реализацијата на проектот „Подобрување на перцепцијата за ЕУ кај руралните граѓани“,

Во рамки на проектот „Подобрување на перцепцијата за ЕУ кај руралните граѓани“, во Пехчево започнаа активностите за ажурирање на Локалните стратегии за развој, подготвени од Локалните акциски групи.

Пехчево, 9 март 2020 (МИА) – Во рамки на проектот „Подобрување на перцепцијата за ЕУ кај руралните граѓани“, во Пехчево започнаа активностите за ажурирање на Локалните стратегии за развој, подготвени од Локалните акциски групи.
За таа цел, на првата работилница за ажурирање на стратегијата на ЛАГ Малеш – Пијанец, како што информираа организаторите, со претставници од Општините, НВО и Бизнис секторот од Делчево, Берово и Пехчево, се разговараше за ЕУ Лидер пристапот, постоечката стратегија на ЛАГ-от, како и пристапот и методологијата кои ќе се користат за ажурирање на ЛАГ стратегијата.
-Присутните поделени во работни групи според секторски области, работеа на анализа и одредување приоритети за секоја област, по што истите ги презентираа и дискутираа пред сите. Останатите сесии од ревизијата на стратегијата кои вклучуваат приоретизација на акции и проекти, временска рамка за имплементација, финансиски и мониторинг план, ќе бидат презентирани на наредните две работилници, истакнаа организаторите.
Како што додадоа, во рамки на активнсотите тек е и изготвување на ревидираната стратегија која треба да биде завршена до месец април
-За разлика од претходната, оваа стратегија треба да содржи конкретни акции кои се реални и лесно остварливи согласно средствата и условите кои ги има ЛАГ-от. Исти вакви активности ќе има и за ЛАГ-овите од југоисточниот регион на државата, додадоа од Локалната акциска група Малеш – Пијанец.
Проектот е дел од Мрежата за рурален развој на СМ поддржан од УСАИД, Американска агенција за меѓународен развој. Домаќини на следните две работилници се општините Делчево и Берово. вс/сст/

Back to top button
Close
Close