Дописници МКДОпштински вести

Во Пехчево во тек јавен повик за ангажирање работници за извршување на работи од јавен интерес

Во Пехчево во тек е јавен повик за ангажирање работници за извршување работи од јавен интерес. На повикот, како што информираа од Општината можат да аплицираат сите евидентирани невработени лица со ниски квалификации од територијата на општина Пехчево.

Пехчево, 24 јуни 2021 (МИА) – Во Пехчево во тек е јавен повик за ангажирање работници за извршување работи од јавен интерес. На повикот, како што информираа од Општината можат да аплицираат сите евидентирани невработени лица со ниски квалификации  од територијата на општина Пехчево.
-Ова секако се однесува до сите невработени кои се заинтересирани за вклучување во јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина. За таа цел потребно е да се пријават во просториите на АВРСМ и канцеларијата на Бирото за вработување во Пехчево и да пополнат соодветна Пријава за учество, информираа од Општината.

Јавниот повик за работно ангажирање на невработени лица за изведување на Јавни работи од јавен интерес во општина Пехчево, како што додадоа од Општината заклучно со 30 јуни 2021 година.
-Селекцијата на заинтересираните пријавени кандидати ќе биде извршена од Комисија формирана од страна на градоначалникот на општина Пехчево со претставници од општинската администрација, Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и АВРСМ, Биро за вработување. Заинтересираните невработени лица потребно е да носат документ за лична идентификација за да можат да пополнат пријава за учество за невработени лица во мерката Јавни работи и изјава за согласност, додадоа од Општината.
Дополнија дека за спроведување на предвидените проектни активности од делокругот на јавни работи предвидена е финансиска поддршка по работно ангажирано лице дневно со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест за 20 работни часа неделно. вс/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close