0_Македонија.ПорталГраѓански секторДописници МКД

Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

Во Пехчево течат последните подготовки за прослава на големиот христијански празник Богојавление - Водици. Живко Каликов од општина Пехчево, ги покани верниците на 19 јануари 2020 година, да присуствуваат на осветувањето на водата во реката.

Пехчево, 15 јануари 2020 (МИА) – Во Пехчево течат последните подготовки за прослава на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Живко Каликов од општина Пехчево, ги покани верниците на 19 јануари 2020 година, да присуствуваат на осветувањето на водата во реката.
– По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, црквата  „Св.Петар и Павле“ на 19 јануари 2020 година ќе одржи света божествена литургија. Литургијата ќе започне во 8 часот, додека чинот на фрлањето на светиот крст во водата на реката Писа е најавено за во 10 часот, во центарот на Пехчево. Сите учесници кои ќе скокаат во водата по светиот крст треба да извршат медицински преглед кај својот матичен лекар, истакна Каликов.
Информира дека за најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст предвидени се награди од градоначалникот на општина Пехчево.
– Како што е и традицијата, оној кој ќе биде најсреќен и ќе го фати крстот во реката Писа, од локалната самоуправа ќе добие ЛЦД телевизор, а за многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, локалната самоуправа и оваа година обезбеди бесплатни топли пијалоци (ракија и вино) за сите присутни, информира Каликов.
Задолжително за сите учесници кои ќе скокаат во водата по светиот крст, како што додадоа од пехчевското свештенство, е потребно да извршат медицински преглед кај својот матичен лекар.
Водици или Богојавление е посебен ден за жителите на Пехчево. Традицијата датира од дамнина и е еден од најмасовните настани во Пехчево и околината. вс/бк/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close