0_Македонија.ПорталКултураКултура.ПорталОпштествоСкопје

Во паркот „Ибни Пајко“ вечер две изведби на отворено

Во паркот „Ибни Пајко“ вечер во 20 часот познатиот музичар Мартин Мила ќе одржи едночасовен концерт, а во 21 часот ќе настапи квартетот Agni Avshar. Овие две изведби се дел од програмата „Култура во време на корона“.

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Во паркот „Ибни Пајко“ вечер во 20 часот познатиот музичар Мартин Мила ќе одржи едночасовен концерт, а во 21 часот ќе настапи квартетот Agni Avshar. Овие две изведби се дел од програмата „Култура во време на корона“.

Нивните настапи ќе бидат стримувани на фејсбук страницата и на јутуб каналот на Град Скопје.

– Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13 април 2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом, се вели во соопштението од Градот.

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/.

Со овој повик, се вели во соопштението, ќе се поддржат следните видови проекти – маалски изведби во времетраење до два часа, техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца, во времетраење до два часа.

– Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација, додаваат од Град Скопје. мс/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close