Дописници МКДОпштински вести

Во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга од понеделник продолжува наставата со физичко присуство

Околу 400 деца од прво до трето одделение од основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга по двенеделно следење онлајн-настава, од понеделник ќе продолжат со физичко присуство, информираше директорката Лаура Шате.

Струга, 16 април 2021 (МИА) – Околу 400 деца од прво до трето одделение од основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга по двенеделно следење онлајн-настава, од понеделник ќе продолжат со физичко присуство, информираше директорката Лаура Шате.

Училиштето беше затворено две недели поради потврдена зараза со Ковид-19 кај деветмина вработени, од кои четворица наставници и пет лица технички персонал. Кај ниту еден ученик во наведениот период не бил регистриран коронавирус.

– Во консултација со сите релевантни институции, донесовме одлука од понеделник наставата за учениците од прво до трето одделение да продолжи со физичко присуство. Заразените наставници и технички персонал оздравуваат, а во овие две недели само кај една наставничка е потврдено присуство на коронавирусот и само нејзиното одделение ќе продолжи со онлајн-настава, изјави Шате.

Во ОУ „Браќа Миладиновци“ учат 1180 ученици на македонски, албански и на турски јазик од прво до деветто одделение. Училиштето беше затворено од превентивни причини за да не дојде до поголемо ширење на заразата. сс/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close