Дописници МКДОпштински вести

Во ОСУ „Мирко Милески“ во Кичево слободни 442 места за идни средношколци

Во ОСУ„Мирко Милески“ во Кичево за идни средношколци на располагање се 442 слободни места, од кои 340 на македонски и 102 на турски наставен јазик. 

Кичево, 14 јуни 2021 (МИА) – Во ОСУ„Мирко Милески“ во Кичево за идни средношколци на располагање се 442 слободни места, од кои 340 на македонски и 102 на турски наставен јазик.

Според термините утврдени со Конкурсот на МОН, уписот и во ова училиште почна денеска напладне и ќе трае во наредните три дена – утре и во среда  од 7 до 19 часот  и во четврток од 7 до 15 часот .

Бране Стојаноски, вработен во педагошката служба на училиштето, изјави дека од вкупниот број, во гимназиските паралелки се слободни 170 места, а по една паралелка со  по 34 места има за струките: машински техничар, електротехничар, економско-правна-трговска струка, здраствена струка и хемиско-технолошка струка на македонски јазик, како и три паралелки на на настава на турски јазик – по една гимназиска, електротехничка  и еконоско-правна и трговска струка.

Резултатите од првото пријавување во јунскиот уписен рок ќе бидат објавени наредната недела. За тие што нема да се запишат во овие четири дена, има уште две пријавувања во овој уписен рок – 23 до 25 јуни и на 30 јуни.

-За да не се создаваат гужви за време на уписот,  учениците се поделени по азбучен ред и по саатница и во тој период без да чекаат да ги достават неопходните документи. Целокупниот процес се одвива според протоколите за заштита од Ковид-19, рече  Стојаноски. за/хс/

Back to top button
Close
Close